fbpx

Јолевски на средби во Националната гарда на Вермонт и на Универзитетот „Норвич“

-

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска ќе има средби во Националната гарда на Вермонт и на Универзитетот „Норвич“.

Во рамки на посетата, Јолевски ќе оствари средба со претседателот на Универзитетот, Ричард Шнајдер, како и со заменик-претседателот за академски работи и декан, Гујоу Хуанг.

Заедно со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски, министерот Јолевски ќе се сретне со командантот на Националната гарда, генералот Креј, како и со претставниците на државата Вермонт во Конгресот и во Сенатот на САД. Министерот Јолевски и генералот Величковски ќе присуствуваат и на церемонијата за пензионирање на генералот Дуби, поранешен командант на Националната гарда.

Универзитетот „Норвич“ е најстариот приватен воен универзитет во САД. Република Македонија има воспоставено плодна соработка со универзитетот, на кој се школувале и студенти од земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...