fbpx

Сент Луис: Полицијата со солзавец ги растерува разбеснетите демонстранти

-

Двајца полицајци се повредени, а четворица демонстранти се уапсени во немирите што избија во Сент Луис, откако полицаец, белец, застрела Афроамериканец, соопшти денеска полицијата.

Група демонстранти вчеравечер околу 45 минути го блокираа сообраќајот во предградието Беркли, а потоа, според изјавите на очевидците, полицијата употребила солзавец за да ги растера.

Неколку демонстранти легнаа на улица, во знак на протест против убиствата што ги изврши полицијата.
Осумнаесетгодишниот Антонио Мартин пред два дена беше убиен на бензинска пумпа во близина на Фергусон, каде бел полицаец летоска го уби црниот тинејџер Мајкл Браун.

Градоначалникот на Беркли, Теодор Хоскинс, изјави дека двата настани не можат да се споредат и оти не сака да избрзува со заклучоци, но оти постојат јасни разлики меѓу овој и случајот Браун.

Сличен став изнесе и сенаторката од Мисури, Марија Шапел-Надал, која се најде на удар на солзавецот на протестите поради смртта на Браун. Таа верува дека полицаецот од Беркли имал добро оправдување за пукањето. Инцидентот во Беркли се случи откако полицаецот пристигнал на бензинската станица поради пријавен грабеж. Полицаецот излегол од возилото за да разговара со двајцата мажи на бензинската станица, но еден од нив вперил револвер од 9 мм во полицаецот.

Полицаецот го извадил својот револвер, зачекорил наназад и истрелал три куршуми, од кои еден го погодил момето и го усмртил, соопшти полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.