fbpx

Се тврди дека е опожарен приватниот автомобил на Артан Груби, кој пак се води на друго име

Во анкетниот лист за својата имотна состојба, Груби нема пријавено дека поседува возило „Ауди“, туку „Цитроен Ксара“ во вредност од 1.000 евра

-

Медиумите денеска објавија дека бил опожарен приватниот автомобил марка „Ауди“ на првиот вицепремиер Артан Груби, утринава околу 3 часот, но според полициското соопштение, возилото се води на друго име – Б.Л.

„Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.”Струмичка” настанал пожар во патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје“, се вели во соопштението на МВР.

Дел од медиумите објавија и снимки од опожареното возило, а засега вицепремиерот Артан Груби не излезе со демант ниту со потврда дека станува збор за неговото возило. Тој не одговори ниту на телефонскиот повик, ниту на смс-пораката што му ја испративме – чие е возилото што е опожарено, дали навистина е негово или станува збор за недоразбирање, и доколку е негово, зошто се води на друго име.

Инаку, во постари медиумски написи може да се види Груби фотографиран пред автомобил марка „Ауди“ кое потполно наликува на она од денешните снимки.

Па така, во 2020 година беше објавена фотографија на која се гледа Груби пред автомобил марка „Ауди“, откако бил нападнат пред Собранието, односно откако 38-годишна жена фрлила камен во прозорецот од возилото и го скршила, по што била приведена од полицијата.

Во 2021 година, пак, медиумите објавија снимки од „Ауди“ за кое исто така се тврдеше дека е на Груби, за тоа како ставил полициски „флешери“ на своето приватно возило, што е забрането со закон, а за истото, како што се тврдеше во медиумите, не реагирал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во анкетниот лист за својата имотна состојба, Груби нема пријавено дека поседува возило „Ауди“, туку „Цитроен Ксара“ во вредност од 1.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...