Обвинителството ќе испитува дали и зошто Груби користел возило кое формално не е негово

Според МВР, возилото марка „ауди“ се води на името на соседот на Груби, Б.Л. (35), тој во повеќе наврати беше сниман и фотографиран со тоа возило, а и самиот во изјава рече дека опожарувањето на возило е „притисок и закана врз него и неговата работа“, со што го отвори прашањето дали можеби тој има во сопственост возило купено на туѓо име

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издал наредба да се обезбеди документацијата за начинот и времето на стекнување, сопственоста и користењето на возилото кое вчера околу 3,30 часот утрината беше опожарено, а се тврдеше дека е во сопственост на првиот вицепремиер Артан Груби, соопштија од обвинителството.

Иако, според МВР, возилото марка „ауди“ се води на името на соседот на Груби, Б.Л. (35), тој во повеќе наврати беше сниман и фотографиран со тоа возило, а и самиот во изјава рече дека опожарувањето на возило е „притисок и закана врз него и неговата работа“, со што го отвори прашањето дали можеби тој има во сопственост возило купено на туѓо име.

Инаку, во својот анкетен лист за имотната состојба, Груби има пријавено дека поседува „Цитроен Ксара“ во вредност од 1.000 евра.

Принтскрин, Државна комисија за спречување на корупцијата

„Веднаш по опожарувањето на возилото даде наредби и насоки за расчистување на настанот и за прибирање на доказите. Меѓу преземените дејствија, издадена е наредба да се обезбеди и документацијата за начинот и времето на стекнување, сопственоста и користењето на возилото“, велат од обвинителството.

Понатаму, додаваат дека надлежен орган кој треба да ја евидентира и следи имотната состојба на избраните и именуваните лица, како и да врши проверка на податоците во изјавите за имотната состојба е Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Доколку проверките упатуваат на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности“, тврдат од обвинителството.

Дека возилото кое беше опожарени е на Груби, упатува и изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Овој грозоморен чин на насилство не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество. Ова го кажувам, не само како министер, туку и како загрижен граѓанин, за најостро да го осудам овој чин на подметнување пожар“, изјави вчера тој.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...