fbpx

МНР: Засега не се пријавиле Македонци што се во загрозените подрачја на Родос

Министерството за надворешни работи упатува апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја

-

Во врска со големите пожари кои ја зафатија соседна Грција, според последните информации од дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, засега нема пријавен ниту еден граѓанин кој се наоѓа во загрозените подрачја, ниту е побарана асистенција при евакуација, информираат во Министерството за надворешни работи.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со надлежните институции на Грција. Илјадници туристи во островот Родос се на безбедно место, но засега не може да се потврди државјанството на евакуираните лица“, велат оттаму.

Министерството за надворешни работи упатува апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја.

Министерството за надворешни работи на Грција од денес во 17 часот ќе постави Help Desk на меѓународниот аеродром во Родос за да ја олесни соработката со странските амбасади и навременото заминување на туристите кои ги изгубиле личните документи.

За повеќе информации, на располагање се дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

Пожарникарите на Родос продолжуваат со гаснењето на пожарите на островот веќе петти ден, а жителите од централно село беа евакуирани зaвчера вечерта.

Словачките пожарникари се приклучија на напорите за гаснење на пожарот на островот. Претставник на противпожарната служба, ја опишал операцијата на Родос како исклучително тешка, со многу предизвици во северниот дел на островот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...