Груби смета дека опожарувањето на „аудито“, кое е на негов сосед, е закана и напад врз неговата работа

Останува отворено прашањето дали и зошто вицепремиерот Груби користи возило на својот сосед за партиски и владини средби и како знае дека опожарувањето на возилото е поврзано токму со него, кога не е во негова сопственост

-

Првиот вицепремиер Артан Груби се огласи по веста дека возило, кое формално не е во негова сопственост туку е на негов сосед, беше опожарено утринава околу 3.30 часот.

Груби во својата изјава објавена на Фејсбук, не кажува како опожареното „Ауди“ е поврзано со него, но му се извинува на пријателот и воедно тврди дека случајот е поврзан со неговата работа. 

„Им се извинувам на сите мои соседи во моето маало за големиот метеж синоќа пред нашата зграда само поради мојата работа. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и на неговото семејство за штетата предизвикана само поради мојата професија. Во политиката сум за да служам и да оставам белег со работа и дела, а не да ги тероризирам семејството, соседите и пријателите. Континуираните закани и последователните напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните. Им изразувам благодарност до сите мои соседи, како и до безбедносните сили за нивните напори за решавање на синоќешниот напад“, се вели во објавата на Груби.

Инаку, полицијата утринава соопшти дека опожареното возило „Ауди“ е во сопственост на лицето Б.Л. (35), кое вчера и го паркирало пред зградата. Во анкетниот лист за имотната состојба, пак, Груби има пријавено дека поседува „Цитроен Ксара“ во вредност од 1.000 евра.

Сепак, во постари медиумски написи може да се види Груби користи автомобил марка „Ауди“ кое потполно наликува на она од денешните снимки.

Во 2021 година медиумите објавија снимки од „Ауди“ за кое се тврдеше дека е на Груби, за тоа како ставил полициски „флешери“ на своето приватно возило, што е забрането со закон, а за истото, како што се тврдеше во медиумите, не реагирал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во меѓувреме се огласи и министерот за надворешни работи Бујар Османи по повод опожареното возило поврзано со првиот вицепремиер Артан Груби.

„Овој грозоморен чин на насилство не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество. Ова го кажувам, не само како министер, туку и како загрижен граѓанин, за најостро да го осудам овој чин на подметнување пожар. Насилството нема место во цивилизирано општество и таквите постапки никогаш не можат да се оправдаат. Ги повикувам властите да спроведат темелна истрага за да се открие вистината зад овој инцидент и веднаш да се изведат одговорните пред лицето на правдата“, вели Османи.

Останува отворено прашањето дали и зошто вицепремиерот Груби користи возило на својот сосед за партиски и владини средби и како знае дека опожарувањето на возилото е поврзано токму со него и со неговата работа и дека станува збор за напади и закани врз него.

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна

Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор, а сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец,...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка...