fbpx

Родос гори петти ден по ред, се евакуираат жители и туристи

Претставник на противпожарната служба, говорејќи за радио СКАИ, ја опишал операцијата на Родос како исклучително тешка, со многу предизвици во северниот дел на островот

-

Пожарникарите на Родос продолжуваат со гаснењето на пожарите на островот веќе петти ден, а жителите од централно село беа евакуирани вчера вечерта, пренесува Екатимерини.

Жителите во Лаерма ја добиле СМС пораката за евакуација вчера околу 22.30 часот.

Словачките пожарникари се приклучија на напорите за гаснење на пожарот на островот. Претставник на противпожарната служба, говорејќи за радио СКАИ, ја опишал операцијата на Родос како исклучително тешка, со многу предизвици во северниот дел на островот.

Со бродови на крајбрежната служба по морски пат и со автобуси на копно, според локалните медиуми, превентивно се евакуираат жителите и туристите од приморските областите Лардос и Киотари во источниот дел на грчкиот остров Родос.

Горат и три хотели во областа Киотари во јужен Родос, кои претходно ги напуштија туристите.

Министерството за цивилна заштита денеска предупреди на висок ризик од пожар во седум од 13 региони во Грција: Атика; Централна Грција (особено регионалните единици Виотија, Евија, Фтиотида, Фокида); Пелопонез; Западна Грција; Тесалија (Лариса, Магнезија); Јужен Егеј (Родос); и Северен Егеј (Самос, Икарија).

Синоптичари веќе изјавија дека Грција се соочува со најтоплиот јулски викенд во последните 50 години.

Грција се соочува со најтоплиот јулски викенд во последните 50 години

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...