fbpx

СДСМ во изборната кампања ќе зборува за младите, ВМРО-ДПМНЕ – за вработувања

-

Лидерите на двете најголеми политички партии, Никола Груевски и Зоран Заев, ги најавија програмите и чекорите на кои ќе се фокусираат во наредните 20 дена заради придобивање на гласовите на граѓаните на изборите закажани за 11 декември.

Лидерот на опозицискиот СДСМ денеска истакна дека сè што ќе зборуваат во изборната кампања „ќе биде за младите и заради младите“.

„Сè што ќе се случува во Македонија од 12 декември натаму ќе биде за перспективите на младите и за гледање со нивни очи на иднината, овде, во Македонија. Го насловивме ова „План за живот во Македонија“…Убеден сум дека ќе успееме, јас знам дека ќе победиме, но уште денеска треба да ги ставиме темелите на ова ново време за кое сите се бориме, а јас неуморно и недвојбено верувам дека ни е на дофат. Веќе сите победивме, да немате дилеми. Целиот овој процес зад нас, го клекна режимот на колена. Режимот е избезумен. Денеска преку оваа кампања ги правиме првите чекори кон новото модерно време, на кое сите му се радуваме. Јас сум убеден во тоа и сакам младите да ги гледам со подигнати чела, храбро и одважно, заради тоа што стојат на страната на Република Македонија“, порача Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа, на промоцијата на изборната програма на партијата, насловена „Реално 2017 – 2020, работа, сигурност, напредок“, вети нови 70.000 работни места доколку владејачката партија победи на изборите.

– Во наредниот период невработеноста ќе биде дополнително намалена. Нашата цел е до крајот на 2020 година да ја намалиме стапката на невработеност на ниво помеѓу 17 и 18 отсто, што е остварливо доколку нема нови кризи во европската и во светската економија, како и домашни политички кризи како сегашната. Тоа значи дека во следните четири години ќе се креираат околу 70.000 нови работни места“, рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...