Еден мигрант е убиен, а еден повреден во тепачка меѓу мигранти во Зелен венец, во центарот на Белград, јавува дописничката на „Мета“.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека се уапсени пет мигранти, осомничени дека учествувале во тепачка и дека кај нив биле пронајдени ножеви.

Повредениот мигрант бил превезен во ургентен центар.

Српското МВР соопшти дека до тепачка дошло околу 15 часот, но не наведе од кои земји се мигрантите бидејќи истрагата е во тек.

Тепачката се случила во близина на Зелен венец и автобуската станица, каде што во околниот парк има голем број мигранти од Авганистан и од Пакистан кои одбиваат да заминат во некои од прифатните центри.