fbpx

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ призна дека го диригира работењето на МАРНЕТ

-

Партијата на Груевски спротивно на законот се меша во работата на државната установа МАРНЕT, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер во Министерството за информатичко општество, Александар Кирацовски.

„ВМРО-ДПМНЕ самата во реакцијата се расфрлува со домени за регистрација во МАРНЕТ. Како од ВМРО-ДПМНЕ знаат кој е украден назив за регистрација на интернет-страница?! Груевски и во последните денови од својот мандат се обидува да злоупотребува институции за партиски цели. Ќе се дознае како од МАРНЕТ дозволиле кражба на доменот купен од СДСМ, кои други физички и правни лица ги оштетила јавната установа и за кого работат, за граѓаните или за власта“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Кирацовски на прес-конференција ги обвини МАРНЕТ дека неполни 24 часа откако СДСМ го купила називот „zbogumnikola.mk“, истиот го продале на извесен Новаков, индивидуален земјоделец од населба Речани, Велес, кој од МАРНЕТ е заведен како корисник.

На ова реагираа од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и ги обвинија претставниците на СДСМ дека бараат оставка од претседателот на Владата бидејќи не знаат да регистрираат веб-адреса, а сакаат да водат држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.