fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не умее да регистрира една веб-страница, а сака да води држава

-

„СДСМ не умее да регистрира една веб-страница, а сака да води држава. Затоа на СДСМ повторно му е виновен целиот свет. Овојпат СДСМ се скара со интернетот“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Кирацовски.

„СДСМ во очај повторно лаже и ја манипулира јавноста. ВМРО-ДПМНЕ не е на никаков начин поврзана со неуспехот на СДСМ да регистрира една најобична веб-страница. Ова и се очекуваше од човекот што во својата биографија наведува дека покрај бројни награди од спортски и од играорни натпревари, има „познавања од интернет“, како што стои во официјалниот документ со кој тој се кандидираше за дополнителното заменичко место. Очигледно познавањето интернет на Кирацовски не било доволно за да се совлада непријателскиот интернет, па тој одлучи да посвети една цела партиска прес-конференција на која најави дека СДСМ од денеска одлучно ќе се бори против светската мрежа интернет, која е очигледно под контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку СДСМ има желба за купување домашни производи, односно македонски домени кои ќе им бидат од корист и интерес, ги информираме дека ZbogumZaev.mk е слободен за купување“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека кој било домен да го закупи СДСМ нема да го смени фактот дека времето немилосрдно тече и остануваат само 110 дена за СДСМ барем да се обиде да го поправи рејтингот од 14,7 проценти, кој заслужено го има, во споредба со исто така заслужениот рејтинг од 33,3 отсто на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо тоа, се занимаваат со регистрација на веб-домени, но и тука не се успешни, и тука бележат нула. Па бараат оставка од претседателот на Владата бидејќи не знаат да регистрираат веб-адреса. Трагикомедија“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа реакција следуваше по прес-конференцијата на која од СДСМ обвинија дека иако тие први го регистрирале доменот „zbogumnikola.mk“, МАРНЕТ потоа го продала на други.

Од СДСМ појаснуваат дека купувањето домен оди преку приватна фирма која во текот на процедурата комуницира со МАРНЕТ, која го има последниот збор околу одобрување на домените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...