fbpx

Во Еквадор во 2015 година запленети рекордни 79 тони наркотици

-

Заплената на дрога во Еквадор достигнала рекорд во 2015 година, кога биле одземени 79,2 тони наркотици, поголемиот дел кокаин, од кои 63 тони биле наменети за странство.

Ова го изјави еквадорскиот министер за внатрешни работи, Хозе Серано.

Претходниот рекорд бил во 2009 година, кога биле запленети 69 тони.

Министерот преку својот твитер-профил наведе дека Еквадор со овој резултат срушил повеќе митови, вклучувајќи го и тој дека таа јужноамериканска земја, која е сосед на Колумбија и на Перу, е најголем светски произведувач на кокаин и дека не е во состојба да се бори против нарко-дилерите по заминувањето на американските војници од базата во Манта.

Серано додал дека дрогата запленета во 2015 година вредела повеќе од две милијарди долари, како и дека изминатата година расформирани биле 200 криминални банди.

Претходната 2014 година еквадорските власти заплениле 61,4 тони дрога, а во 2013 година – 57,4 тони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...