fbpx

14 семејства во Штип ги поминуваат зимските ноќи под ведро небо

-

Четврта ноќ по ред, под ведро небо, на негативна температура ќе преспијат педесетината станари на опожарената зграда на некогашното нервно одделение во Штип. Меѓу нив има и мали деца, стуткани под најлоните, поставени под стреите на околните згради. Еден мал дел е згрижен кај роднини, а другите ја очекуваат грижата од заедницата. Помошта, велат, тешко стигнува. Особен проблем е немањето храна.

– Немаме храна, останавме на улица. Очекуваме некој од министрите да ни помогне – рече една повозрасна станарка, која живее од собирање пластични шишиња.

Овие луѓе кои останаа без покрив над глава не можат да јадат од храната на народната кујна, бидејќи списокот со корисници го доставува Министерството за труд и социјална политика. За дополнувањето на списокот треба да поминат денови.

Денеска станарите добиле ќебиња и шатори како интервентна помош од Општината Штип, каде претпладнето на координативен состанок со другите институции се договориле да преземат задачи да помогнат.

Решение за сметувањето на овие луѓе е побарано од владината Комисија за државни станови, бидејќи Општината нема станбен простор. Неофицијално, во социјалната зграда веќе две години има два празни стана, кои треба да ги додели владината комисија. Засега, помошта бавно стигнува поради празниците. Станарите уште еднаш апелираа за помош.

– Немаме храна, децата ни се на улица. Ги молиме сите надлежни власти да ни излезат во пресрет. Нас политика не нè интересира. Ги молам сите, апелирам, кој може да помогне, да не нè остават на улица. Ако не ни помогнат, барем нека ни дадат иселенички визи да заминеме од државата во некоја европска држава – вели еден од станарите на опажарената зграда.

Паралелно со голготата на овие педесет лица, се одвива и истрагата за пожарот. Досега имаше шпекулации дека станарите сами си го подметнале пожарот, а тие, пак, тврдеа дека пожарот го подметнал сосед, кој се противел на нивното сместување во објектот на нервното одделение. Од штипската полиција изјавија дека се работи на истрагата и дека засега ништо не може да се каже.

Во пожарот што избувна во пет часот во новогодишната ноќ, целосно изгоре зградата на нервното одделение каде привремено беа сместени 14 ромски семејства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...