fbpx
Таг: станари

таг: станари

Почнува процедурата за издавање пропусници за зонско паркирање во Карпош

ЈП Градски паркинг Скопје, соопшти дека на терен се изведува бележењето на паркинг места и поставување сигнализација за зонско паркирање, а почнати се и активностите за издавање потврди за бесплатно паркирање за станари, фирми и вработени во фирми на подрачјето на општината. Процедурите за сите категории корисници за бесплатно паркирање се објаснети на веб-страницата на ЈП Градски паркинг Скопје.  

Градски паркинг: Ако не ги обновите договорите за паркинг ќе се смета дека се откажувате од паркинг местата

Од јавното претпријатие Градски паркинг Скопје ги потсетуваат станарите и вработените што користат паркинг простор дека треба да ги обноват договорите и да ажурираат податоците до крајот на тековната 2022 година, односно во следните 8 дена. Како што велат оттаму, рокот за ревизија на договорите истекува а сите што нема даги обноват договорите и ажурираат податоците ќе се смета дека...

БЕГ: Потрошувачите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона

Согласно законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден по 01 октомври, доколку временските услови тоа го наложуваат. Од „Балкан енерџи“ информираат дека сите подготовки на системот за централно греење се направени и истиот е целосно подготвен за новата грејна сезона 2018/2019 година. „За да може грејната сезона да започне насекаде и навремено, неопходно е станарите да ги завршат проверките...

И БЕГ утре ќе пушти парно греење

Од утре почнува новата грејна сезона за потрошувачите кои се приклучени на системот на снабдување со топлинска енергија „Балкан енерџи“ во Скопје, информираат од компанијата. Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) дала одобрение за почеток на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15 октомври поради падот на температурата. „Почетокот на грејната сезона порано од вообичаено нема да донесе зголемување на авансните сметки што...

Тетово: Повеќето жители од зоната Б сè уште се без паркинг-место

Во рамки на зоната Б, која се воведе месецов во Тетово, за поголем дел од станарите сè уште нема обезбедено паркинг-место. Поголемиот дел од станарите што живеат во рамки на зоната Б, каде месецов се воведе овој начин на паркирање, останаа без паркинг-место. Велат дека аплицирале за месечен билет за зонско паркирање, но од Јавното претпријатие „Градски паркинг“ биле одбиени, поради тоа...

14 семејства во Штип ги поминуваат зимските ноќи под ведро небо

Четврта ноќ по ред, под ведро небо, на негативна температура ќе преспијат педесетината станари на опожарената зграда на некогашното нервно одделение во Штип. Меѓу нив има и мали деца, стуткани под најлоните, поставени под стреите на околните згради. Еден мал дел е згрижен кај роднини, а другите ја очекуваат грижата од заедницата. Помошта, велат, тешко стигнува. Особен проблем е немањето храна. -...

Зонското паркирање во Тетово ги остави станарите без паркиралишта

Жителите што живеат во строгиот центар на Тетово, каде месецов се воведе зонско паркирање, нема каде да ги оставаат своите возила. Општина Тетово го ограничи времетраењето на паркирање до три часа и на станарите не им овозможи да плаќаат месечен паушал за паркинг-место, како по примерот во другите градови каде е воведено зонското паркирање. - Нема каде да ги паркираме возилата. Кога...

Во Штип 14 семејства втор ден се без струја

Втор ден без струја се 14 семјества кои живеат како потстанари во државната зграда во штипската населба 8 Ноември. Станарите сметките за струја уредно ги платиле, меѓутоа дистрибутивната компанија ја исклучила зградата од системот од безбедносни причини. До прозорците висат електрични кабли што лесно можат да се дофатат. На места се и соголени и опасни по животот на луѓето....

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...