fbpx

СДСМ: Наскоро ќе никнат нови приватни плажи на Охридското езеро

-

Владејачкото мнозинство експресно си изгласа можност за легализација на дивоградби што се изградени во крајбрежни заштитени подрачја, покрај природни и вештачки езера, речни корита и слично. За полесна легализација, со спорните измени е предвидено да се прескокнат локалните самоуправи и Министеството за животна средина, реагираат од СДСМ.

– По стапувањето на сила на ова криминално решение, следно што може да се очекува се нови приватни плажи на брегот на Охридското езеро и тоа во моменти кога од албанска страна се рушат објектите на брегот на езерото за појасот на плажите да се стави под заштита на УНЕСКО. Предупредуваме дека последиците од реализацијата на штетниот и апсурден закон може да бидат катастрофални. За потсетување, само пред неколку дена, во Тетово, имаше свлечишта токму поради бесправно изградени објекти и незаконска сеча. Само за неколку дена власта на Груевски направи измени по скратена постапка на над 250 закони меѓу кои и на Законот за постапување со бесправно изградените објекти. Само вчера беа направени измени на 120 закони по скратена постапка и сега е јасно зошто. Да се присвои се што може пред враќањето на опозицијата во Собранието, којашто вакво насилие врз грбот на граѓаните нема да дозволи – изјави Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски во СДСМ.

Од опозицијата најавуваат дека ќе ги ревидираат и укинат сите законски решенија кои се на штета на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...