fbpx

Движење за реформи на ДПА: Со уцени и закани трае регистрацијата на партијата

-

Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села на прес-конференција, обвини дека во тетовскиот Основен суд се соочуваат со постојани уцени во текот на регистрацијата на партијата. Според нив процесот на регистрација на новата партија започнал пред 45 дена, но тетовскиот суд постојано барал дополнителни документи одолговлекувајќи ја постапката.

– Сето ова време додека ги собиравме документите за регистрација на партијата, од тетовскиот суд бевме уценувани со безброј услови, кои треба да ги исполниме за регистрација. Ние не сме единствениот политички субјект, кој поднесува барање за регистрација на партија, пред нас се регистрирани стотици политички партии. Иако сме ги собрале сите потребни документи за регистрација, во ходниците на овој суд постојано одредени вработени, ни даваат до знаење дека не можеме да ја регистрираме нашата партија, бидејќи преставува опасност за општеството – изјави Алил Фетаи од Движењето за реформи на ДПА.

Од Движењето, велат дека крајниот епилог на тетовскиот суд, ќе преставува голем доказ дали судовите работат чесно и независно, или пак работат во служба на власта и политичарите, кои надежите за нивниот политички опстанок, ги имаат насочено на телефонските повици кон судиите.

Движењето за реформи на ДПА, се основа откако струшкиот градоначалник Зијадин Села, го прекина членството во ДПА, поради недоразбирање со претседателот на партијата Мендух Тачи, околу изборните листи, за време на последните парламентарни избори.

Движењето на Села е во коалиција со НДП. Двата политички субјекти, најавија заеднички настап на престојните предвремени избори, за кои според нив треба да се организираат по моделот на една изборна единица.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...