СДСМ на јавен повик и преку месни одбори ќе бира претседателски кандидат

„Даваме можност за самокандидирање и на личности кои не се од СДСМ но ги споделуваат социјалдемократските вредности“, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска

-

Владејачката партија СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за претседателските избори што ќе се одржат пролетва. Отворен е јавен повик за самокандидирање преку оглас објавен во дневните весници и на официјалниот сајт на партијата, а во тек е и номинација на можни кандидати преку месните одбори во општинските организации на СДСМ низ земјава.

„Како партија со најголема внатрепартиска демократија во земјава, СДСМ спроведува транспарентна и демократска постапка за избор на најдобриот кандидат. СДСМ го избира победничкиот кандидат кој ќе биде иден претседател на републиката. Даваме можност за самокандидирање и на личности кои не се од СДСМ, но ги споделуваат социјалдемократските вредности“, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Од СДСМ велат дека претседателските кандидати треба да исполнуваат критериуми како што се: висок општествен углед и кредибилитет, доверба од членството и од симпатизерите, да ги делат вредностите на социјалдемократијата, да ги почитуваат посебностите на граѓаните без разлика на верска и етничка припадност и да се обврзат на неуморна работа за меѓународниот углед на татковината и членството во ЕУ.

Од СДСМ ги повикаа сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериуми да се пријават за претседателски кандидат, а за текот на целиот процес дополнително ќе ја информираат јавноста.

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вчера изјави дека Стево Пендаровски нема да има предност во трката за претседателски кандидат во СДСМ, информирајќи дека во партијата е почната процедурата за номинација на кандидатите за претседател и оти сите ќе имаат еднаква стартна позиција.

Од ВМРО-ДПМНЕ веќе информираа дека претседателски кандидат ќе бираат на Изборна конвенција во Скопје што ќе се одржи на 2 март, а сите кандидати кои досега циркулираат во јавноста се неофицијални.

ВМРО-ДПМНЕ на 2 март на Конвенција ќе избере кандидат за претседател

Кога станува збор за албанските партии, Алијанса за Албанците треба допрва да одлучи дали ќе оди со свој кандидат на претседателските избори или ќе го поддржи партнерот во актуелната влада СДСМ или пак Европскиот сојуз за промени. И ДУИ треба допрва да одлучи дали ќе учествува со свој кандидат на претседателските избори или ќе го поддржи кандидатот на СДСМ.

Албанската опозиција околу Европскиот сојуз за промени ќе оди со свој кандидат на изборите, а во моментов тие информираат дека ја бираат најсоодветната личност за претседател. Досега тие разговарале со Руфи Османи, но ќе имаат разговори и со други личности кои би можеле да бидат претседателски кандидати.

Израел започна со ослободување на голем број Палестинци во замена за тројца израелски заложници

Израелските заложници Јаир Хорн, Саги Декел-Чен и Саша (Александар) Труфанов беа ослободени во Газа, со тоа што Израел започна со ослободување на околу 369 палестински затвореници и притвореници во замена, откако...

САД и НАТО не им забрануваат на нашите медиуми да коментираат за руските воени успеси

Објава на Фејсбук неосновано тврди дека медиумите кај нас не смеат да ги коментираат руските воени успеси во Донбас за да не го налутат „Калето“ (амбасадата на САД) и „Рада“ (Радмила Шекеринска,...

Грчката веб-страница на ИКЕА недостапна надвор од Грција „од безбедносни причини”

Веб-страницата IKEA.gr повеќе не е достапна за македонските граѓани, ниту пак за кој било друг надвор од Грција. Како што велат за Мета од компанијата, тоа е од безбедносни причини. „Би сакале...

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување...

Израел започна со ослободување на голем број Палестинци во замена за тројца израелски заложници

Израелските заложници Јаир Хорн, Саги Декел-Чен и Саша (Александар) Труфанов беа ослободени во Газа, со тоа што Израел започна со ослободување на околу 369 палестински затвореници и притвореници во...