fbpx

СДСМ: Ѓорчев е принуден денеска да ги брани насилните ставови на ВМРО-ДПМНЕ

-

Влатко Ѓорчев сигурно не заборавил дека беше сведок на крвопролевањето и на бруталните напади врз неговите колеги, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ѓорчев е принуден денеска да ги брани насилните ставови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. И покрај ова, СДСМ и претседателот Заев ја почитуваат човечноста што пратеникот Ѓорчев ја покажа на денот на насилството во парламентот. Државен удар извршија сите тие насилници, криминалци и злосторници што по нарачка на Никола Груевски, Ѓорѓе Иванов, Трајко Велјановски, Митко Чавков извршија обид за убиство преку крвавите напади врз пратениците од мнозинството во Собранието на Македонија“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека за злосторниците и за нарачателите ќе следува одговорност, а дека изборот на претседател на Собранието бил спроведен според Уставот, законите и деловникот на Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...