fbpx

СДСМ: Да прекинат блокадите заради криминални интереси!

-

Парламентарното мнозинство од 67 пратеници избрано на веродостојни избори и формирано на демократски начин е должно според Уставот, деловникот и законите да избере нов претседател на Собранието и нова Влада, порача СДСМ во соопштение.

Партијата обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ во парламентот и Ѓорге Иванов ги ставаат криминалните интереси над државните интереси и над интересите на граѓаните поради диктат од Никола Груевски.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира демократските процеси и во јавноста шири насилна реторика, само за да обезбеди ден повеќе за нови криминали и да обезбеди што поголемо богатство за себе и за своите соработници. Тендерот од 60 милиони евра за фирма блиска до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, бензинските пумпи и нафтени платформи за Мијалков, што се реализираат во услови на трансфер на власта, измените на урбанистички планови во последен момент се најдобриот доказ дека криминални интереси и страв од одговорност стојат зад блокадите на демократските процеси“, порача СДСМ.

Партијата вели дека работите набргу ќе се сменат.

„Нема да дозволиме државата и граѓаните да бидат понатаму заложници на криминалци. Демократските процеси бргу ќе се откочат. Согласно очекувањата на домашаната и меѓународната јавност, согласно волјата на мнозинството граѓани, според Уставот, деловникот на Собранието и законите, ќе се избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова реформска влада. Мора да се овозможи мирен трансфер на власта! Демократските процеси се незапирливи!“, порача СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...