fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја турка државата во амбис за да го спаси раководството

-

„Криминалната групација СДСМ не успеа да го направи првиот чекор за на мала врата да ја протурка платформата од Тирана. Криминалната врхушка на чело на СДСМ сепак не се откажува од таквата своја намера, да формира влада по волјата на Рама. СДСМ, за да ја спаси својата криминална врхушка да не оди во затвор, ја турка целата држава во политички амбис“, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Партијата го обвини својот политички соперник дека се плаши од дебата.

„Криминалната групација СДСМ се плаши од дебата и од обелоденување пред граѓаните за сите овие работи кои ги прифатиле, а кои во крајна фаза ја имаат федерализацијата на Македонија. Граѓаните се гневни на ваквото однесување на криминалната групација СДСМ и се чувствуваат изманипулирани од СДСМ, кој сака да им ја продаде државата. Затоа криминалната групација СДСМ наспроти себе ги има граѓаните на Македонија, кои си ја бранат својата држава“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...