fbpx

СДСМ бара седница на Собранието и предложи мерки за помош на настраданите во поплавите

-

Пратеничката група на СДСМ и опозицијата денеска го повикаа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да свика итна и неодложна седница на која ќе се расправа за состојбата во подрачјата погодени во поплавите. Пратеникот Петре Шилегов, рече дека неговата пратеничка група предлага конкретни мерки и заклучоци, со кои ќе им се помогне на граѓаните од поплавените подрачја.

Дел од мерките се Владата да ги одложи сите планирани непродуктивни трошења на буџетот и да ја запре изградбата на сите објекти на кејот на Вардар, кои можат да предизвикаат несакани промени во водостојот и текот на водите. Исто така од СДСМ предлагаат Министерството за финасии да подготви прераспределба на средства со кои ќе се предвиди обештетување на семејствата на загинатите, загрозените семејства, како и за санирање на материјалните штети. СДСМ бара владата да донесе одлука за обештетување на секое домаќинство кое е погодено од поплавите во износ од 3.000 евра, евакуација на населението од поплавените подрачја, со управувачкиот комитет да управува експерт и собраниската комисија за финансирање и буџет да врши контрола на сите финансиски и нефинансиски средства кои се донирани за да се спречи нивна злоупотреба за политички маркетиншки цели.

Опозицијата бара комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство да организира надзорна расправа за да се утврди одговорноста на институциите, поединците во организирањето и имплементирањето на системот на заштита и спасување и системот за управување со кризи.

– Мислам дека во рок од 24 часа секој може да одговори и затоа се надевам дека претседателот Вељаноски, во најкус можен рок ќе ја свика седницата на која ќе ги изгласаме овие мерки и заклучоци за да им помогнеме на граѓаните – рече Шилегов.

Одговарајќи на новинарски прашања, Шилегов рече дека нивните екипи на терен забележале сериозни пропусти и во превенирањето и во организацијата на терен во поплавените подрачја, како и злоупотреба на хуманитарната помош.

Свикување на итна собраниска седница вчера побара и Владо Камбовски, поранешен претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Камбовски во изјавата за порталот „Сакам да кажам“ предлага на собраниската седница за поплавите да се донесе закон за нестопански инвестиции, освен оние кои се од важност за државата и нивно пренасочување за потребите на граѓаните кои претрпеа огромна материјална штета и ги изгубија своите најблиски и домовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...