fbpx

Сашо Огненовски, ексдиректор на битолскиот театар, е невин што ги „закрпил“ со пари колегите

-

Поранешниот директор на битолскиот театар, Сашо Огненовски, е невин што со илјадници евра ги „закрпил“ колегите актери, кои не само што му позајмувале пари, туку за него подигнувале и кредити. Вака досудил Апелацискиот суд во Битола по процесот покренат од јавниот обвинител, во кој Огненовски се товарел за злоупотреба на службената должност и за измама. Ова денеска на прес-конфенреција во Битола го кажа актерката Елена Моше, која што заедно со уште 15 други колеги, актери во БНТ, побаруваат илјадници евра од Огненовски. Оваа афера сe случи во време кога Огненовски беше на чело на БНТ.

Елена Моше вели дека по речиси пет години судски процес, Огненовски со правосилна пресуда на битолскиот суд сега е невин, а судот препорачува измамените актери правдата да си ја бараат преку граѓанска постапка.

– Стаса пресудата од Апелација, во која стои дека Огненовски несвесно нè измамил. Сега мене не ми е јасно како ненамерно нè измамил? Демек му требале парите за реновирање на станот и ме упатуваат на граѓански спор. Ова е небулозно образложение на судот – вели Моше.

Моше вели дека на оваа пресуда актерите немаат право на жалба, што повторно за нив е несфатливо, бидејќи делото „измама“ е кривично дело.

Oваа голгота на битолските актери трае од 2007 година кога Огненовски во доверба од нив барал пари на заем, како и тоа тие на свое имe да подигнуваат кредити за негови потреби, со тоа што им ветувал дека ратите ќе ги плаќа уредно. Актерката Моше вели дека интересно е тоа што со години никој од колегите не знаел дека во неговата мрежа се влезени дури 16 актери.

Огненовски доби отказ од БНТ, откако за време на аферата замина во странство.

Пред да се донесе оваа пресуда, Основниот суд во Битола го осуди Огненовски на две години затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...