fbpx

Ивица Дачиќ: Стабилноста во Македонија е значајна за целиот регион

-

Стабилноста на Македонија по инцидентите во Куманово беше една од темите на кои денеска разговараа министрите за надворешни работи на Македонија и на Србија, Никола Попоски и Ивица Дачиќ, во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.

Како претседавач на ОБСЕ, Дачиќ најави дека организацијата прави напори за ситуацијата во Македонија да биде ставена во политички рамки.

– Многу е важно да се задржи стабилноста во Македонија. Тоа е значајно за целиот регион. Како претседавач на ОБСЕ, испратив неколку пораки и двапати го испратив во Македонија претставникот за Западен Балкан, кој разговараше со државниот врв и со претставници на опозицијата. Ние ги подржуваме сите настојувања на ЕУ ситуацијата да се сведе во политички рамки. Секако, осудуваме секаков облик на загрозување на Македонија, секаков облик на насилство и на тероризам, а, од друга страна, ОБСЕ како организација, е подготвена, исто така, да ги даде своите добри услуги ако постои потреба за тоа – изјави Дачиќ.

ОБСЕ, како што рече тој, има мисии на терен и претставници на сите држави-членки во Секреатаријатот во Виена, кои носат објективни извештаи.

– Се трудиме и инсистираме, извештаите кои доаѓаат да бидат објективни, а од друга страна, ние како организација која функционира на принципот на консензус, лично им го реков на сите македонски официјални лица, сме подготвени да дејствуваме во решавањето на внатрешната ситуација – изјави српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, по денешната билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...