fbpx

Никола Попоски: Иднината на земјите од Западен Балкан е во ЕУ

-

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Охрид, пред неговите колегите од шесте земји од Западен Балкан, заедно со Австрија и со Италија, рече дека идејата била да се разговара околу последниот развој во поглед на Берлинската агенда.

– Нè очекува Виенската конференција во август, на која главни теми ќе бидат инфраструктурното поврзување во регионот, како главен фактор за економски развој и за подобра поврзаност меѓу земјите во регионот. Во тој контекст ќе бидат истаканти и неколку регионални проекти, кои се идентификувани како приоритетни и за кои ќе бидат посветени дел од средствата што се мобилизирани од ЕУ и од меѓународните финансиски институции, а се оденсуваат на енергетски, патни и на железнички коридори во регионот – изјави Попоски.

Во Охрид се разговара и за улогата на невладиниот сектор и за можноста за негово активирање во функција на засилени евроатлански интеграции, кои се приоритет за сите земји од нашиот регион.

– Во овој контекст, и во рамките на Виенската конференција ќе има и конкретни активности кои нашите австриски пријатели ги имаат предвидено – додаде шефот на македонската дипломатија.

Се разговарало и околу миграцискиот феномен, проблем со кој се соочуваат сите земји од регионот, особено оние кои се по коридорот што почнува од Грција и завршува во западноевропските земји.

Министерот Попоски оцени дека сите земји од Западен Балкан имаат иднина во ЕУ и дека таа иднина ги определува и перспективите на земјите од регионот.
– Заклучокот, а оттука и пораката упатена до европските партнери, беше дека таквата иднина мора да биде заокружена со една јасна временска рамка. Без таква временска рамка би го намалиле кредибилитетот на таа извесна европска иднина, која е пропагирана во рамки на берлинскиот процес и сите веруваме дека ќе биде потврдена на следната Виенска конференција во август. Ја нагласивме важноста за временска рамка бидејќи беше упатена порана дека на краток рок ниедна од нашите земји нема да влезе. Краток рок е мандатот на оваа Европска комисија. Но, мораме да имаме некаква рамка која ќе ни даде хоризонт во кој временски период може да очекуваме земјите да се приклучуваат кон ЕУ – истакна министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, кој денеска во Охрид е домаќин на Состанокот на министрите за надворешни работи на државите членки на ЦЕИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двојно убиство на брачен пар во Стајковци, осомничениот пронајден со убоди и е хоспитализиран

Денеска во 12.30 часот во село Стајковци, скопско, по пријава во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, биле пронајдени лицата С.К. (57) и нејзиниот сопруг В.К. (64) на терасата...