fbpx

САД: Уапсени ученици кои подготвувале напад на училиште

-

Четворица ученици во една школо во Калифорнија се уапсени под сомневање дека планирале напад врз своите соученици и професори, објави весникот „Њујорк тајмс“. Веста доаѓа неколку дена по масакрот во колеџот во Орегон.

Сите четири ученици одат во исто училиште, а планирале да дојдат и да убијат што е можно повеќе луѓе, соопштил Џејмс В. Мил од локалната полиција.

Мил не сакал да ги открие имињата на учениците, но истакнал дека станува за четворица мажи. Туоламни, местото каде уапсените планирале да извршат масакр, се наоѓа на околу 150 километри од Сан Франциско.

Истражителите сè уште не го пронашле мотивот зад планот, но е соопштено дека уапсените имале добро разработен план, во кој биле вклучени и имињата на потенцијалните жртви, локации и методите со помош на кои требало да биде изведен. Учениците планирале да отворат оган за време на еден од настаните во училиштето, а биле во процес на набавка на оружје со кое требале да го извршат нападот.

Властите јавиле дека планот бил откриен во средата, откако некои ученици ги наслушнале тројцата осомничени како разговараат дека ќе го нападнат училиштето. Веднаш е информирана полицијата која по испитувањето дошла и до четвртиот осомничен. По дојавата, пребарани се школските ормани на уапсените, но не е пронајдено оружје. Полицијата до повеќето информации дошла во разговорите со осомничените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...