fbpx

САД сакаат да наплатат 7,5 милијарди евра од царини за производите од ЕУ

-

Се заострува трговскиот конфликт меѓу САД и ЕУ по донесената пресуда на Светската трговска организација (СТО) со која ЕУ е прогласена за виновна поради тоа што го илегално го субвенционирала европскиот производител на авиони „Ербас“. Веднаш по одлуката на СТО, американските власти воведоа царини во висина од 7,5 милијарди евра за производите од ЕУ.

Меѓу бројните европски производи што ќе бидат оцаринети со 25 отсто се наоѓаат шкотското виски, италијанското сирење и француското вино. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе воведе царини во висина од 10 отсто за европските патнички авиони. Определениот износ на царините е во висина на проценетата штета од страна на СТО што ја претрпел американскиот производител на авиони „Боинг“, како резултат на воведените субвении за „Ербас“ од ЕУ.

И покрај тоа што одлуката на СТО дава можност за воведување на царини и во износ од 100 отсто, САД засега нема да наметнат вакви мерки за европските производи. Американските власти се надеваат дека во наредниот период ќе може да се постигне договор со Европската унија.

Трговскиот конфликт меѓу САД и ЕУ започна со царините за челик и алуминиум, а штетите од најновата одлука на американските власти допрва ќе се проценуваат во европските земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...