fbpx

Рутинска интервенција на оџак заврши со смрт на пожарникар во Штип

-

Рутинска интервенција на запален оџак го однесе во смрт 57-годишниот пожарникар од Штип, Ѓорѓи Џонов. Штипската полиција соопшти дека вчера попладне во 17.15 часот, при интервенција на запален оџак во населбата Автокоманда, на пожарникарот Џонов му се слошило, по што паднал.

Веднаш интервенирале колегите пожарникари, по што пристигнала и екипата на Итната помош. Лекарот констатирал смрт. Починатиот бил пренесен во Клиничката болница, меѓутоа според портпаролката Марина Шуманова, лекарите само констарирале смрт. Обвинителството, кое ја води истрагата, нареди обдукција.

Најчестото објаснување за смртта на Џонов е дека веројатно вдишал чад, по што се онесвестил. Меѓутоа, командирот на Противпожарната единица во Штип, Тони Атанасов, побара да не се шпекулира додека официјално не се соопштат резултатите од истрагата.

-Изразувам сочуство на семејството на колегата, нивната болка не може да се надомести, но опасноста на оваа професија е таа, си ги носи своите ризици. За самиот настан да кажам дека е еден рутински настан, од дојавата па се’ до интервенцијата се запазени сите процедури. Понатаму не би сакал да навлегувам во причините, тоа истрагата ќе го каже – вели Атанасов.

Сочувство до семејството изрази и Општината Штип.

-Очекуваме институциите да излезат со своите извештаи за немилиот настан, со цел благовремено и точно информирање на јавноста. Овој немил настан е голема загуба пред се за семејството и за блиските, а секако и за Територијалната противпожарна единица – соопштија од Општината Штип.

Сега починатиот Ѓорѓи Џонов беше искусен пожарникар, кој со бенифицираниот стаж наскоро требаше да замине во пензија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...