fbpx

Руските сили трпат масовни загуби од украинските напади

„На 10 ноември, веројатно над 70 руски војници беа убиени во напад на конвој камиони 23 километри зад линијата на фронтот во селото Хладкивка, Херсонската област“, соопштија од британското Министерство за одбрана

-

Руските сили во Украина имаат по десетици жртви од украинските прецизни удари со долг дострел далеку зад линијата на фронтот, соопшти британското Министерство за одбрана, пренесе Гардијан.

„На 10 ноември, веројатно над 70 руски војници беа убиени во напад на конвој камиони 23 километри зад линијата на фронтот во селото Хладкивка, Херсонската област. На 19 ноември напад врз руските војници кои присуствуваа на церемонијата на доделување или концерт во Кумачове, 60 километри во територијата контролирана од Русија, веројатно предизвика десетици жртви. Украина, исто така, претрпе слични инциденти: руска балистичка ракета уби 19 членови на 128-та посебна планинска нападна бригада на Украина на церемонијата на доделување медали на 3 ноември“, наведено е во соопштението од британското Министерство за одбрана.

Во меѓувреме, Европската комисија препорача Советот на ЕУ да ги отвори пристапните преговори со Украина и сега сите очи се насочени кон клучниот самит на лидерите на ЕУ што треба да се одржи во декември годинава. Но, постојат стравувања дека Унгарија ќе ја блокира одлуката за отпочнување на преговорите во Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...