fbpx

Возачите на тротинети најголеми непријатели на пешаците

71 отсто од испитаницитe рекле дека најмногу им пречат несовесно паркираните електрични тротинети и тоа што нивните сопственици возат пребрзо

-

Возењето на електричните тротинети ги загрозува пешаците. Дури 55 отсто од пешаците во најголемите германски градови се жалат на возачите на електричните тротинети, покажуваат резултатите од анкетата на германскиот авто-мото сојуз АДАЦ, пишува германската новинска агенција ДПА. 

На попрецизни прашања, 71 отсто од испитаницитe рекле дека најмногу им пречат несовесно паркираните електрични тротинети и тоа што нивните сопственици возат пребрзо.

На недозволено возење на електрични тротинети на тротоарите се пожалија 69 отсто од пешаците, додека 67 отсто рекоа дека возачите не внимаваат на минувачите додека вртат.

47 отсто од пешаците велат дека велосипедистите се проблем, првенствено поради тоа што кога ги престигнуваат имаат многу мала дистанца од нив, не ѕвонат при претекнување или прекасно ѕвонат.

Нешто една третина од пешаците, 31 отсто, се жалат на другите невнимателни пешаци. Најголем проблем е постојаното гледање во телефон, за 61 отсто од испитаниците.

Минатата година во Германија загинале 368 пешаци, додека 26.000 биле повредени во сообраќајни несреќи.

Во анкетата учествувале 3.253 пешаци постари од 18 години кои живеат во големите градови во сите 16 германски покраини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...