fbpx

Рускиот министер за економија уапсен поради земање мито

-

Руската полиција синоќа го уапси министерот за економија Алексеј Улјукаев, поради сомневање дека зел мито од два милиона долари за издавање позитивна оценка со која нафтената компанија „Роснефт“ добила 50 отсто од „Башнефт“.

Рускиот истражен комитет соопшти дека против Улјукаев ќе биде поднесено обвинение. Тој синоќа бил итно изведен пред истражен судија.

Нафтената компанија „Роснефт“, која е под контрола на Кремљ, минатиот месец купи 50 отсто од акциите на „Башнефт“.

Портпаролот на Кремљ изјави дека обвинението против министерот за економија е сериозно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...