fbpx

Рускиот амбасадор ѝ се закани на Данска со нуклеарен напад

-

Рускиот амбасадор во Данска, Михаил Вањин, изјави дека Русија ќе испрати нуклеарни ракети на данските бродови доколку земјата стане членка на НАТО и се придружи кон антиракетниот штит на западните сили.

Изјавата на Ваљин, објавена во еден дански весник, предизвика бурна реакција кај шефот на данската дипломатија, Мартин Лидегард. Тој рече дека коментарите на рускиот амбасадор се неприфатливи и оти ја преминал линијата со изјавата дека секој што во иднина ќе стане дел од штитот ќе биде мета руските балистички ракети.

Ракетниот штит одамна е камен на сопнување меѓу Русија и НАТО, чиј член е и Данска. Москва смета дека тој претставува закана за стратегискиот баланс на континентот, а во НАТО веруваат дека системот би можел да биде добра заштита од земјите кои ги кршат меѓународните закони и претставуваат опасност за другите земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...