Авиони на руската армија во изминатите 24 часа бомбардирале вкупно 60 позиции на милитантите на Исламска држава, при што, како што е соопштено, биле убиени двајца команданти на ИД и околу 200 екстремисти, јавуваат светските агенции.
Како што соопштил заменик-началникот на генералштабот на руската војска, Игор Макушев, руските авиони денеска имале 67 летови и гаѓале 60 позиции на џихадистите во Сирија, во провинциите Рака, Хама, Идлеб, Латакија и Алеп.
Според Макушев, во нападите било уништено упориштето на групата Лива ал-хак, кое било погодено со прецизни бомби, а според пресретната комуникација, во воздушните напади загинале двајца команданти на ИД и околу 200 екстремисти.