fbpx

Ромалитико: Имаме околу 1.000 лица кои се под закана да ја имаат истата судбина како Мемет

„Мемет како сиромашно лице немал лична карта затоа што не можел да пријави адреса, бидејќи живеел во дом кој е дивоградба“, велат од Институтот „Ромалитико“, осврнувајќи се на тоа какви сè проблеми можат да произлезат од оваа состојба

-

Мемет Камбер за жал не е прва жртва на системот. Покрај него постојат и други примери на лица кои го загубиле својот живот или пак се соочиле со сериозни потешкотии во процесот на добивање на здравствена заштита. Моментално имаме околу 1.000 без документи, кои се под закана да ја имаат истата судбина како Мемет, велат од Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“.

Реакцијата следува откако на 24 мај годинава, Мемет Камбер, роден во 2004 година, почина поради сериозни компликации предизвикани од неоткриен дијабет. Мемет немал здравствена книшка, па заминал во болница со туѓа здравствена книшка, но веќе било предоцна.

„Мемет како сиромашно лице немал лична карта затоа што не можел да пријави адреса, бидејќи живеел во дом кој е дивоградба“, велат од „Ромалитико“, осврнувајќи се на тоа какви сè проблеми можат да произлезат од оваа состојба.

Според нив, основно е дека ромските населби се соочуваат со проблемот на влез на населбите во урбанистичките планови, а за да може еден дом да се легализира потребно е населбата да е дел од ДУП и/или ГУП.

„Предлог Законот за легализација на бесправно изградени објекти не успеа да ја реализира својата цел и да обезбеди легализација на домовите на овие сиромашни семејства, туку честопати беше користен за други цели. Проблемот со легализација покрај тоа што им го оневозможува уживањето на основни човекови права, дополнително ја доведува ромската заедница во состојба каде што не можат да го докажат правото на сопственост врз земјиште и оваа состојба се пресликува на идните генерации со можност/закана за нивно иселување, но исто така им создава потешкотии во пристапот до комунални услуги (вода и електрична енергија). Поради овие проблеми потребно е итно да се изготви и изгласа законско решение кое ќе им овозможи основни услови за живот за оваа категорија на граѓани“, велат од „Ромалитико“.

Конкретно, за лица кои немаат документи, според институтот, решение може да биде и алтернативната можност за пријава на адреса во Центарот за социјални работи или во општината. Според „Ромалитико“, крајно време е да се извршат промени во Законот за лична карта и Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште и да се даде можност на лицата кои немаат свој дом, да може да извадат лична карта.

„Покрај лицата без документи, поради проблемите со урбанизација и легализација, моментално постојат и лица кои не може да ја обноват личната карта и за кои исто така треба да постои решение. Остварувањето на здравствената заштита е човеково право а неможноста за пристап до здравствена заштита е прекршување на човеково право“, велат од Институтот „Ромалитико“ и апелираат итно да се формира работна група во Владата која ќе работи на решенија и итно усвојување на потребните измени за пристап до лична карта и други документи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...