fbpx

Извештај: Менаџерите во земјава се доволно финансиски писмени, но претпријатијата не се доволно дигитализирани

Извештајот „Финансиска писменост и дигитализација за ММСП во ЈИЕ: Алатка за зголемување на капацитетите на сопствениците и менаџерите“ нуди докази и анализа на нивоата на финансиска писменост на сопствениците и менаџерите на ММСП, нивната свесност и употребата на финансиските услуги и дигитализацијата

-

Финансиската писменост на менаџерите и сопствениците на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во во нашата земја е повисока од просекот на анализираните земји во регионот. Во однос на дигитализацијата, пак, просечната оценка кај нас е пониска во однос на регионот. Дигитализацијата на ММСП во регионот заостанува зад развиените земји, што упатува на потребата од понатамошно унапредување.

Ова се вели во соопштението на Народната банка на Северна Македонија, а по завршувањето на средбата на Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, чија активност ја координира Народната банка, а на која присуствувале и претставници на Министерство за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како и субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор.

На средбата присуствувал и претставник на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), кој ги презентирал резултатите од анкетата спроведена лани за финансиска писменост на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Извештајот насловен „Финансиска писменост и дигитализација за ММСП во ЈИЕ: Алатка за зголемување на капацитетите на сопствениците и менаџерите“ нуди докази и анализа на нивоата на финансиска писменост на сопствениците и менаџерите на ММСП, нивната свесност и употребата на финансиските услуги и дигитализацијата на финансиските и деловни активности на ММСП, овозможувајќи споредби меѓу учесниците во истражувањето од регионот.

Фото: НБРСМ

Според овој извештај, финансиската писменост на менаџерите и сопствениците на ММСП во нашата земја е оценета со 69 (од максимум 100) што е повисоко од просекот на анализираните земји од регионот (67). Највисоките оцени се остварени за компонентата финансиско однесување, потоа финансиските знаења и финансиските ставови, при што сите компоненти се малку над или на ниво на регионалниот просек. Во споредба со Г-20 земјите, просечната оценка за регионот е пониска за 7 поени, што упатува на потребата од зајакнување на финансиските вештини и стратешки пристап за зголемување на финансиската писменост на менаџерите на ММСП, со цел да се зајакне долгорочната деловна отпорност на овие фирми.

Фото: НБРСМ

Споредбата на нашите резултати во однос на свесноста на ММСП за финансиски производи покажува дека свесноста на сопствениците и менаџерите на ММСП коишто користат кредити за финансирање на бизниси во нашата земја е повисока во споредба со региналниот просек, додека во останатите оценувани параметри-свесноста за финансирање со капитал и други видови на финансирање и свесноста за справување со ризици, оценките се малку пониски или соодветствуваат со резултатите во регионот.

Фото: НБРСМ

„Наодите упатуваат на придобивките од натамошен развој на пазарот на капитал и алтернативните начини на финансирање, со цел проширување на финансиските опции за ММСП, нивните сопственици и менаџери“, се вели во извештајот.

Во однос на дигитализацијата, просечната оценка кај нас е малку пониска во однос на регионот. Притоа, оценето е дека дигитализацијата на ММСП во регионот заостанува зад развиените земји, што упатува на потребата од понатамошно унапредување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...