fbpx

Рок до 15 јануари за регистрирање и бришење на обврзниците за ДДВ

-

Од 1 јануари стапи на сила нов праг за ДДВ обврзници во износ од 2 милиони денари, и заклучно со 15 јануари сите правни или физички лица кои во 2019 година имале промет под 2 милиони денари, а се регистрирани како ДДВ обврзници, имаат можност да се дерегистрираат од Регистарот на ДДВ обврзници, додека оние кои во 2019 година имале промет над 2 милиони денари, а не се регистрирани треба да се регистрираат како ДДВ обврзници.

Како што соопшти Министерството за финансии, обврзници за ДДВ може доброволно да станат и други правни и физички лица.

Пријавите за регистрација може да се достават по пошта, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, согласно седиштето или живеалиштето на даночниот обврзник или по електронски пат на http://etax.ujp.gov.mk .

Министерството за финансии направи прирачник во кој граѓаните и фирмите ќе можат да се информирмираат повеќе за новиот праг и кој се има или нема обврска како ДДВ обврзник. Прирачникот можете да го најдете на веб-страницата на Министерството за финансии.

Прагот за ДДВ обврзник беше зголемен од 1 милион денари на 2 милиони денари кон крајот на минатата година, со цел, како што рекоа од Министерството за финансии, да се намали административниот товар за граѓаните и фирмите.

Кога ги презентираше законските измени, министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека сеопфатната анализа на Министерството за финансии покажала дека даночната администрација троши повеќе време за малите ДДВ обврзници кои придонесуваат со два проценти во вкупната наплата на ДДВ, отколку на оние кои придонесуваат со 73 проценти.

Исто така, со новите законски измени променет е и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот е скратен на три години од претходните пет години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...