fbpx

Родители од Солун не дозволуваат деца-бегалци да одат во исто училиште со нивните деца

-

Големо изненадување во Грција предизвика бунтот на група родители против владината одлука децата-бегалци да посетуваат настава во неколку училишта во солунската населба Ореокастро. Родителските совети на неколку училишта од општината ги прогласија децата-бегалци за непожелни и се закануваат дека ќе ги окупираат училишните згради за да не дозволат да се одржат предвидените часови.

Родителите реагираат дека стравуваат од болести, тврдат дека децата бегалци можно е да не се вакцинирани, доаѓаат од кампови каде има случаи на хепатитис и стравуваат дека здравствените проблеми може да се пренесат на нивните деца. Тврдат дека нивните мотиви не се ксенофобични, туку, едноставно, се плашат за здравјето на нивните деца бидејќи живеат во близина на бегалски центар во општината и јасно гледаат колку се лоши тамошните услови за живот.

Иницијативата на родителите ја поддржа и градоначалникот на Ореокастро, кој вели дека иако поддржува да има училишта за бегалците, сепак не сака тоа да биде во неговата општина.

Ова е прв голем случај грчки граѓани да се побунат и да реагираат негативно против бегалците. Грчкото општество, генерално, добро ги има прифатено бегалците и покажува солидарност и им помага на луѓето, поради што овој случај на ксенофобија предизвика големо изненадување.

Одлуката на родителскиот совет доаѓа по владината одлука дека децата бегалци ќе може да посетуваат државни училишта и тоа попладне од 14 до 18 часот. Околу 50 отсто од сите бегалци во Грција се малолетни деца и продолжувањето на нивното образование, со месеци е еден од главните предизвици на грчката влада.

Грчкиот министер за образование, Никос Филис, ги отфрли сите реакции и протести на родителите, коментирајќи дека државата ги има преземено сите неопходни мерки и извршено сите неопходни вакцинации. Тој истакна дека Грција има обврска да обезбеди образование за децата-бегалци и тие ќе одат попладне во училишта и ќе имаат часови на мајчин јазик, а ќе учат и грчки и уште еден странски јазик. Според него, овие реакции се неприфатливи и одат против досегашниот дух на солидарност кој грчкиот народ го има покажано кон бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...