fbpx

Рестораните и кафулињата од утре ќе работат до 20 часот, на една маса ќе можат да седат најмногу 4 лица

-

По денешното укинување на полицискиот час, од утре почнуваат со работа угостителските објекти кои имаат летни тeраси. Работното време ќе биде до 20 часот. Притоа ќе мора да се почитуваат препораките за дистанца и за носење заштитна опрема. Како што информираше на прес конференција, министерот за економија Крешник Бектеши, според протоколот на Комисијата за заразни болести, кој предвидува три фази при отворањето на угостителските објекти, оваа вчерашна одлука на Владата значи реализација на втората фаза.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ако се почитуваат протоколите, ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворениот простор во објектите. Според протоколите на Комисијата, на една маса најмногу ќе можат да седат четири лица, а ќе нема никакво ограничување дека тие треба да се членови од исто семејство“, рече Бектеши.

Тој соопшти дека најдоцна до овој петок, пред завршување на вонредната состојба в сабота, ќе бидат донесени сите уредби од третиот пакет антикризни мерки. Во текот на денов или најдоцна утре, ќе се донесе и уредбата за платежните картички, а се подготвува и уредбата за издавањето на ваучерите, која до крајот на неделата, најдоцна во почеток на наредната недела, ќе биде предложена до Владата.

„Подготвени сме да ги донесеме уредбите пред завршување на вонредната состојба,  имајќи предвид дека институциите беа експедитивни“, рече Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...