fbpx

Реконструирана и пуштена во употреба улицата Кемал Сејфула

-

На потегот од крстосницата со улицата Ферид Бајрам до крстосницата со улицата Босна и Херцеговина, во должина од 375 метри, реконструирана е улицата Кемал Сејфула во општина Бутел.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, рече дека во текот на градежните работи бил отстранет постојниот стар и оштетен асфалт, биле поставени 22 шахти и сливници, биле заменети оштетените рабници, засилен бил и носечкиот слој, а потоа на коловозот бил нанесен нов асфалтен слој.

– Градот Скопје во овој зафат вложи околу 10 милиони денари. Овој проект е продолжување на проектот за реконструкција на улицата Кемал Сејфула што Градот Скопје го реализира во 2010 година, кога улицата беше реконструирана на потегот од крстосницата со булеварот Џон Кенеди до крстосницата со улиците Втора македонска бригада и Ферид Бајрам. Со тоа, улицата Кемал Сејфула доби целосно нов лик. Она што е особено важно да се нагласи е дека реконструкцијата на улицата Кемал Сејфула ќе придонесе да се зголеми безбедноста во одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот, имајќи предвид дека на оваа улица се наоѓа средното училиште на Град Скопје, „Арсениј Јовков“, основното училиште „Петар Здравковски Пенко“, поликлиниката „Чаир“ и многубројни станбени и деловни објекти – рече градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот на општината Бутел, Петре Латиновски, рече дека проектот за реконструкција на улицата Кемал Сејфула е уште еден во низата успешни проекти што се резултат на добрата соработка со Градот Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...