fbpx

Регистрирани 758 нови случаи на ковид-19, оздравеа 944 пациенти, починаа 26 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.562 тестирања, а се регистрирани 758 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-324, Куманово-43, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-21, Струга-27, Велес-26, Битола-23, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-32, Гевгелија-17, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-19, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-8, Виница-2, Делчево-8, Кратово-4, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-11.

ИЈЗ евдентира 944 оздравени пациенти од: Скопје-270, Куманово-51, Дебар-24, Штип-25, Прилеп-69, Тетово-36, Струга-43, Велес-51, Битола-53, Охрид-46, Кавадарци-53, Гостивар-44, Гевгелија-30, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-12, Кочани-19, Пробиштип-7, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-8, Валандово-6, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-19, Ресен-13 и Неготино-18.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Најмногу заболени има во Скопје, 34.165, од кои активни се 11.653, потоа Тетово со 6.631 болни и 956 активни и Куманово со 4.511 болни и 565 активни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.190, на оздравени пациенти е 56.099, на починати е 2.340, а бројот на активни случаи изнесува 20.751. Досега се направени вкупно 383.769 тестирања на ковид -19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...