fbpx

Референдум во Центар за изгледот на ГТЦ

-

Жителите на скопската општина Центар денеска на референдум гласаат за изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје.

Во согласност со избирачкиот список, 43.560 граѓани имаат право да одговорат на референдумското прашање „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“.

Изјаснувањето ќе го набљудуваат 597 набљудувачи, од кои четворица од ОБСЕ, 181 од Граѓанското општество „8 Септември“, 156 од „Синергија“ од Штип, 107 од асоцијацијата „Мост“, 79 од „Цивил“ и други.

Во согласност со правилата, за референдумот да биде успешен, потребно е половина од запишаните избирачи да излезат на гласање и половина од нив да се изјаснат „за“ задржување на автентичниот изглед на ГТЦ.

Невладината организација „Цивил“ утринава соопшти дека во текот на ноќта на дежурниот телефон и на социјалните мрежи добиле дојави за нерегуларности.

„На улица Народен фронт бр. 19 и на уште две адреси на улица Коста Шашов во населбата Капиштец, општина Центар, лифтовите намерно се расипани, според сведочењата на граѓаните. Плакатите од кампањата на референдумот за ГТЦ се кинеа и во текот на минатата ноќ. И пред седиштето на „Цивил“, плакатите на кампањата беа скинати и фрлени пред влезот. Во гласачкото место број 2.809 на улица Народен фронт бр. 21, според избирачкиот одбор, биле откинати осум гласачки ливчиња сосе делот кој треба да остане во кочанот“, велат од „Цивил“.

Од невладината организација соопштуваат дека се врши притисок врз нивните набљудувачи.

„На гласачкото место број 2.850 во ОУ „Гоце Делчев“ (поранаешно „Ленин“), на нашата набљудувачка ѝ е одземено овластувањето од „Цивил“, под образложението: „Мораме да имаме нешто“. Ова е незаконско однесување на избирачкиот одбор и ја повикуваме Општинската изборна комисија да интервенира во овој и во другите случаи на нерегуларности при спроведување на референдумот за ГТЦ“, стои во соопштението на „Цивил“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...