За прв пат дојави за бомби испратени до Претседателот, до МВР, но и до медиуми

-

Утринава дојава за поставени бомби е испратена до повеќе електронски адреси меѓу кои за прв пат и до Претседателот Стево Пендаровски, до Министерството за внатрешни работи (МВР), но и до два медиума: „ТВ Канал 5“ и „360 степени“, потврдија од МВР за Мета.мк. 

„Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на Претседателот-Вила Водно, х. Мериот, х. Александар Палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ“, велат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Пораката испратена од електронската адреса [email protected], во чиј наслов односно предмет (subject) е наведено „закана“, освен на електронските адреси на медиумите е испратена и до Министерството за внатрешни работи.

Во пораката, чија содржина во целост ја објави „360 степени“, на дојавите за бомби им се дава политичка конотација, односно се бара владата да поднесе оставка. Во пораката се користат нелогични реченични конструкции за македонскиот јазик, како на пример: „Нема да престанеме додека власта е на потег“.

Дојавите за бомби почнаа да пристигнуваат до електронските адреси на средните училишта во Скопје кон крајот на октомври минатата година, и до сега сите беа лажни. Вакви лажни дојави за бомби се испраќаат во повеќе земји од регионот, во последните две години.

Повик до основци и средношколци да се натпреваруваат на Европски квиз на парите

Мaкедонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, објави јавен повик до основните и средните училишта со кој ги повикуваат учениците од основни и средни училишта...

Насер Зибери: Во затворот „Идризово“ 1.200 затвореници ги лечи само еден општ лекар и две медицински сестри

Состојбата на една земја најдобро може да се види врз основа на тоа какви повреди на правата регистрира официјалниот бранител. Ова го вели народниот правобранител на Северна Македонија, Насер Зибери, во...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

Повик до основци и средношколци да се натпреваруваат на Европски квиз на парите

Мaкедонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, објави јавен повик до основните и средните училишта со кој ги повикуваат учениците од основни и...