fbpx

Нов земјотрес го погоди Непал

-

Нов земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди непалскиот главен град Катманду. Жителите во паника излегле на отворено.

Според податоците на Американскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри јужно од градот Кодари, на длабочина од десет километри.

Непалските власти соопштија дека најмалку 1.970 лица загинаа во вчерашниот земјотресот со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала и оти бројот на жртвите и натаму се зголемува. Според досегашните информации, најмалку 5.000 лица се повредени во земјотресот.

Локалните медиуми јавуваат дека 17 тела се извадени од под лавината што го зафати базниот планинарски камп на Монт Еверест, која следеше по разорниот земјотрес. Меѓу загинатите е и директор на истражувачкиот оддел на „Гугл“, Дан Фрединберг, кој заедно со уште тројца вработени од компанијата планирал да се искачи на Монт Еверест.

Претседателот на Непалската алпинистичка асоцијација, Анг Шеринг Шерпа, соопшти дека 61 лице се повредени во лавината.

Обединетите нации најавија масовна операција за укажување помош за Непал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...