fbpx

Речиси еден милион лица во светот заразени со корона, за еден ден нови 76.990 позитивни

-

Бројката на заразени со новиот корона вирус во целиот свет претпладнево изнесува 937.783, што е за 76.990 случаи повеќе од вчера претпладне, покажува бројчаникот на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот.

САД и понатаму е на врвот на неславната листа со 216.722 заразени, односно во последните 24 часа бројката пораснала за вртоглави 27.089 нови случаи. САД со ова веќе влезе во третата „стоилјадарка“, а и Шпанија постигна нешто слично – пречекори 100.000 случаи. Италија останува на второто место.

Бројките за земјите со најголем број случаи од избивање на заразата може да ги видите подолу.

САД: 216.722 случаи, а вчера: 189.633 (пораст од 27.089 случаи)
Италија: 110.574, а вчера: 105.792 случаи (пораст од 4.782 случаи)
Шпанија: 104.118, а вчера: 95.923 случаи (пораст од: 8.195 случаи)
Кина: 82.394, а вчера: 82.301 (пораст од 93 случаи)
Германија: 77.981, а вчера: 71.808 (пораст од 6.173 случаи)
Франција: 57.763, а вчера: 52.836,(пораст од 4.972 случаи)
Иран: 47.593, а вчера: 44.605
Обединетото Кралство: 29.865, а вчера: 25.481
Швајцарија: 17.768, а вчера: 16.605
Турција: 15.679, а вчера: 13.531
Белгија: 13.964, а вчера: 12.775
Недерландија: 13.696, а вчера: 12.667
Австрија: 10.769, а вчера: 10.192

Бројката на починати во изминативе 24 часа во светски рамки се искачи на 47.273, што во однос на вчерашните (околу 10 часот претпладне) 42.354 случаи, е пораст за 4.919 починати.

И понатаму Италија е на првото место на светската листа по смртност од новиот корона вирус, со 13.155 случаи, што во однос на вчерашната бројка од 12.428 смртни случаи, изнесува 727, што е помалку отколку во претходните денови. На пример, порастот меѓу вторникот и средата претпладне изнесуваше 837 нови случаи. Од понеделникот до вторникот претпладне порастот изнесуваше 812.

Италија: 13.155, а вчера: 12.428
Шпанија: 9.387 случаи, а вчера: 8.464
Франција: 4.032, а вчера: 3.523
кинеската провинција Хубеј: 3.193, а вчера: 3.187
Иран: 3.036, а вчера: 2.898
Обединетото Кралство: 2.352,а вчера: 1.789
градот Њујорк, САД: 1.374, а вчера: 1.096
Недерландија: 1.173, а вчера: 1.039
Германија: 931, а вчера: 775
Белгија: 828, а вчера: 705
Швајцарија: 488,а вчера: 433
Турција: 277, а вчера: 214
Бразил: 244, а вчера: 202
Шведска: 239,а вчера: 180
Португалија има 187 смртни случаи

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...