fbpx

Путин: Уривањето на авионот е „нож во грб“

-

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека соборувањето на рускиот авион е „нож во грб“ кој го извршиле сојузниците на терористите, додавајќи дека тоа ќе има сериозни последици врз односите меѓу Москва и Анкара.

Говорејќи во Сочи, во пресрет со јорданскиот крал Абдулах, Путин рече дека авионот кој е соборен, а за кој Турција тврди дека упорно го предупредувале дека го повредил нивниот воздушен простор, бил во Сирија, на километар оддалеченост од турската граница.

Во меѓувреме, турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека нивна должност била да ја бранат турската територија.

– Сакаме меѓународната заедница да знае дека сме подготвени на секаков вид жртви кога станува збор за сигурноста и за животите на нашите граѓани, како и кога станува збор за сигурноста на нашите граници – рече Давутоглу, додавајќи дека уривањето на рускиот авион треба да се гледа токму во тој контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промовирани новите полициски службеници, генерација 2023-2024

Денеска се одржа пригодна церемонија по повод свечената Промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година, во Центарот за обука на МВР во Идризово, на која покрај раководството...