fbpx

Путин потврди дека првото нуклеарно оружје е преместено во Белорусија

Белорусија е клучен руски сојузник и служеше како лансирно поле за целосната инвазија на Путин на Украина во февруари минатата година. Путин рече дека пренесувањето на тактичките нуклеарни боеви глави ќе биде завршено до крајот на летото

-

Русија веќе ја стационираше првата серија тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, рече рускиот претседател Владимир Путин. Тој, како што пренесе Би-би-си, изјави дека тие ќе се користат само ако територијата или државата на Русија бидат загрозени.

Американската влада вели дека нема индикации дека Кремљ планира да користи нуклеарно оружје за да ја нападне Украина.

„Не гледаме никакви индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје“, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен по коментарите на Путин.

Белорусија е клучен руски сојузник и служеше како лансирно поле за целосната инвазија на Путин на Украина во февруари минатата година. Путин рече дека пренесувањето на тактичките нуклеарни боеви глави ќе биде завршено до крајот на летото.

Одговарајќи на прашања по говорот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот претседател рече дека потегот е за „задржување“ и за потсетување на секој што „мисли да нанесе стратешки пораз“.

„Зошто да му се закануваме на целиот свет? Веќе реков дека е можна употреба на екстремни мерки во случај да постои опасност за руската државност“, рече Путин одговарајќи на прашањето на модераторот на форумот за можноста за користење на тоа оружје.

Тактичкото нуклеарно оружје се мали нуклеарни боеви глави и системи за испорака наменети за употреба на бојното поле или за ограничен удар. Тие се дизајнирани да уништат непријателски цели во одредена област без да предизвикаат широко распространети радиоактивни последици.

Најмалото тактичко нуклеарно оружје може да биде еден килотон или помалку (што произведува еквивалент на илјада тони експлозив ТНТ). Најголемите можат да бидат големи и до 100 килотони. За споредба, атомската бомба што САД ја фрли на Хирошима во 1945 година беше 15 килотони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...