fbpx

Путин ќе ја одржи првата прес конференција од почетокот на војната

Последната прес конференција на Путин беше во 2021 година кога предупреди дека Русија е на работ да испрати војници во Украина

-

Украинските сили за противвоздушна одбрана велат дека пронашле десетици беспилотни летала дизајнирани од Иран и лансирани од руските сили насочени кон јужниот град Одеса, во најновиот напад низ текот на ноќта во кој биле ранети 11 лица, пренесува Гардијан. 

„Евидентирано е лансирање на 42 непријателски нападни беспилотни летала“, соопшти украинското воено воздухопловство, додавајќи дека уништиле 41 од дроновите наречени „Шахед“ распоредени од територијата што ја контролира Русија.

Гувернерот Олег Кипер изјави дека се ранети 11 лица од кои 3 се деца.

„Руските ѓаволи ја започнаа втората вечер по ред со напад на Одеса“, додаде тој.

Русија денеска соопшти дека и нејзините сили за противвоздушна одбрана забележале девет украински беспилотни летала насочени кон главниот град, неколку часа пред мошне очекуваната прес-конференција на претседателот Владимир Путин.

Неговата последна прес-конференција беше во 2021 година кога предупреди дека Русија е на работ да испрати војници во Украина. По почетокот на војната, тој ја ограничи комуникацијата со странски медиуми.

На конференцијата новинарите и граѓаните ќе можат да постават прашања по телефонски повици, или т.н. „директна линија“.

„На 14 декември Владимир Путин ќе ги сумира резултатите од годинава. Ова ќе се изведе преку директната линија и ќе биде последната прес-конференција на претседателот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Репортери без граници: Македонија најдобра од земјите во регионот, дезинформациите остануваат проблем

Македонија годинава се искачи за две места погоре според Индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“, со што е рангирана најдобро од земјите во регионот. Земјава се...