fbpx

Помор на 1.200 тони риба во Јапонија, причините непознати за властите

Јапонски владини претставници го критикуваа извештајот на британскиот весник „Дејли Мејл“, кој го поврзува феноменот со испуштањето на пречистена вода од нуклеарната централа во Фукушима

-

Официјални лица во Јапонија ги утврдуваат причините поради кои стотици тони риба беа исфрлени на брегот во последните неколку денови. Од почетокот на декември, се проценува дека околу 1.200 тони сардина и скуша лебдат на површината на морето во близина на рибарското пристаниште Хакадоте во Хокаидо, формирајќи сребрен килим кој се протега во должина од над еден километар, пренесува Гардијан.

Властите во Накири, град на брегот на Пацификот, стотици километри јужно од Хокаидо, пак, се соочиле со исфрлени 30 до 40 тони јапонски сардини наречени „сапа“.

Локалните рибари се обидувале да ги соберат рибите, плашејќи се дека нивните остатоци ќе ја намалат содржината на кислород во водата додека се распаѓаат и оти ќе ја оштетат морската средина.

„Никогаш досега не сум видел вакво нешто. Дури минатата година почнавме да ловиме сапа во Накири. Ме тера да се прашувам дали морскиот екосистем се менува“, изјавил еден од рибарите за јапонскиот весник „Маиничи Шимбун“.

Експертите шпекулираат дека рибата-преселница во двете области се насукала на површината откако била бркана од риби-грабливки до степен на исцрпеност. До масовна смртност на рибите може да дојде и кога има ненадејни падови на температурата, што предизвикува шок кај рибите.

Меѓутоа, властите до овој момент не ја утврдиле причината за поморот.

„Причината во моментов е непозната. Планираме да земеме примерок од морската вода на локацијата и да ја испитаме за да ја откриеме причината“, изјавил локален претставник за рибарство за весникот „Микине Фуџивара“.

Јапонските владини претставници го критикуваа извештајот на британскиот весник „Дејли Мејл“, кој го поврзува феноменот со испуштањето на пречистена вода од нуклеарната централа во Фукушима.

Во извештајот се истакнува дека мртвите риби почнале да излегуваат на брегот речиси четири месеци откако централата започна со испуштање на водата која содржи мали количини на радиоактивен изотоп тритиум, во Пацификот.

„Не се пронајдени абнормалности во резултатите од истражувањата за мониторинг на водата. Загрижени сме поради ширењето на информации кои не се засноваат на научни докази“, соопшти јапонската агенција за риболов.

Меѓународната агенција за атомска енергија претходно го одобри планот, наведувајќи во безбедносната проверка дека испуштањето на водата ќе има „незначително радиолошко влијание врз луѓето и животната средина“.

Рибарските задруги во Фукушима предупредија дека испуштањето ќе нанесе дополнителна штета на угледот на нивната морска храна. Градските власти во Хакодате ги повикаа локалните жители да не ја консумираат рибата исфрлена на површината по извештаите дека некои луѓе собираат количини за да ги продадат или да јадат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...