fbpx

Репортери без граници: Годинава биле убиени 45 новинари додека ја вршеле својата работа

Забележавме дека бројот на новинари убиени во врска со нивната работа е многу висок, најмалку 13, на толку мала територија во Газа. Поднесовме жалба до Меѓународниот кривичен суд за да ги утврдиме фактите, односно дали новинарите свесно биле мета на нападите, изјави генералниот секретар на Репортери без граници, Кристоф Делоар

-

Во 2023 година, 45 новинари биле убиени додека ја вршеле својата работа, се вели во извештајот на „Репортери без граници“ (РСФ) објавен денеска. И покрај октомврискиот конфликт меѓу Израел и Хамас, Репортери без граници забележува најмалку смртни случаи од 2002 година.

Во 2012 и 2013 година, повеќе од 140 новинари биле убиени, најмногу поради војната во Сирија и во Ирак.

Принтскрин, Репортери без граници

Постепениот пад на бројот на убиени новинари во изминатите пет години, според Репортери без граници, може делумно да се објасни со подобрувањата во однос на безбедноста на новинарите и со крајот на смртоносните скокови во Ирак и во Сирија, каде што речиси 600 новинари беа убиени од 2003 до 2022 година.

„Кога постои мир, посилните мерки за заштита на новинарската работа, особено преку законодавни средства и механизми за борба против неказнивоста, се чини дека е причина за помалку жртви“, соопштуваат од „Репортери без граници“.

Во Газа, најмалку 13 новинари биле убиени додека ја вршеле својата работа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас. Вкупно 56 новинари биле убиени во Појасот Газа, без разлика дали тоа било додека ја вршеле дејноста. 

„Меѓу цивилите во Газа, новинарите плаќаат висока цена. Забележавме дека бројот на новинари убиени во врска со нивната работа е многу висок, најмалку 13, на толку мала територија. Поднесовме жалба до Меѓународниот кривичен суд за да ги утврдиме фактите, односно дали новинарите свесно биле мета на нападите“, изјави генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоар.

Вкупно 521 новинари, според извештајот, ќе ја започнат 2024 година во затвор – наспроти 569 во 2022 година.

Кина повторно е најголемиот светски затвореник на новинари, со 121 медиумски работници во затворите. Ова е речиси една четвртина (23%) од вкупниот број приведени новинари ширум светот. Белорусија со својата сè порепресивна политика, е една од трите земји кои приведуваат најмногу новинари (39, или седум повеќе отколку во 2022 година). Белорусија е, исто така, земја со втор најголем број приведени новинарки (10), веднаш по Кина (14).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...