Германската полиција распоредила дополнителни сили во центарот на градот Дуерен по пукотница во еден фризерски салон, јави телевизијата НТВ.
Полицијата го блокирала сите улици кон центарот на градот.
Уште е нејасно дали има мртви или ранети.
Мотивот за пукањето не е познат, а полицијата засега не дава никакви коментари.