fbpx

Заев: Среќен сум што се распушти Собранието и што доаѓа убаво време за граѓаните

-

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната прошетка во Велес, лидерот на СДСМ рече дека паријата цело време била активна во процесот околу решавање на проблемот со шестата изборна единица.

– Решение постоеше на два начини. Нашата заложба беше Македонија да биде една изборна единица. Тогаш нема над 5 отсто, под 5 отсто. Ниту една од владејачките партии тоа не го прифати, одбиваа да разговараат за тоа. Откако тоа не се прифати, оставивме владејачките партии да се договорат по ова прашање. Треба владејачките партии да дадат одговор зошто не успеаја да го надминат ова прашање, кога од опозицијата имаа отворена поддршка за какво и да е решението на овој проблем – рече Заев.

Тој додаде дека намерата на власта била да ги одложи изборите заедно со локалните, за да не се зборува за важните теми, туку за тротоари, за улици и за водовод.

– Граѓаните бараат пари. Да има повеќе пари во секое семејство, бараат економска иднина, економска перспектива, бараат криминалците да поднесат одговорност, бараат законот да важи еднакво за сите. Не успеаја, колку и да се обидуваат, кај нас да најдат причина за одложување на изборите. Јас сум многу среќен што конечно вчера се распушти Собранието и да им порачам на граѓаните дека доаѓа ново убаво време каде што сите ќе бидеме сплотени, единствени и здружени – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.